Владата го номинира Срѓан Керим за генерален секретар на ООН
Владата на Република Македонија одлучи да го номинира д-р Срѓан Керим, поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, за функцијата генерален секретар на ООН, соопшти владината прес-служба.
Источноевропската група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година зазeде заеднички став дека следниот генерален секретар на Светската организација, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.
Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ООН, се наведува во соопштението од владината прес-служба
Ново на Сител
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот