Вкусни посни рецепти во пресрет на Свети Никола

Овој период се пости, а посна е и претстојната слава Свети Никола. Затоа ви нудиме неколку посни рецепти кои се многу вкусни и одлично ќе се вклопат во вашата трпеза.
КНЕДЛИ ОД КОМПИР
Потребни ви се 500 грама компир, 500 грама брашно, малку презла и сол.
1/2 килограми компир да се сварат со лушпа, потоа да се одлупат, посолат и замешаат со брашното. Извадете форми и ставете ги во солена вода. Кнедлитесе направени кога ќе излезат на површината на водата. Извалкајте ги во презла и послужете ги како прилог.
ЧОРБА ОД ЗЕЛЕНЧУК
Потребни ви се еден компир, еден морков, кромид, 1 пиперка, 2 литри вода, 1/2 литри сок од домат и зачин
Исчистете ги и измијте ги компирот, морковот, кромидот и пиперката. Полијте ги со водата и варете. Пред крајот додадете го сокот од домат и зачинот.
БЕЛ ГРАВ
Потребни ви се 1/2 килограми бел грав, 250 грама кромид, 1 морков, 1 сува пиперка, 2 лажици брашно.
Потопете го навечер гравот во вода до утрото. Наутро ставете го во друга вода и оставете го да врие. Повтпрно исцедете го и ставете нова вода. Додајте ги зеленчукот и зачинот и варете. Потоа, брашното разматете го во малку вода, и додајтеја смесата во гравот.
Ново на Сител
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
