Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.
Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151.
Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.
Министерот за здравство Венко Филипче, не очекува поголем наплив на пациенти во болниците и нагласи дека трендовите се уште се во насока на приближно ист процент на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани.
– Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информираше вчера Филипче при посетата на Здравствениот дом во Свети Николе.
Во текот на изминатите 24 часа оздравени се 123 лица, со што бројката на досега оздравени пациенти е 4.326, додека починати се три лица, со што вкупната бројука на починати е 385.
Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.
Во 16 општини ќе се формираат регионални „Ковид – центри“, во рамки на подготовките за евентуален есенски бран на КОВИД-19. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на КОВИД-19 без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 88 пациенти, во болницата во Битола – 28, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција