Вкупно 89 пензионери од Kрива Паланка и Ранковце на бесплатна бања и викенд
Вкупно 89 пензионери од Крива Паланка и Ранковце ќе можат годинава да ги искористат поволностите од Проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд на Министерството за труд и социјална политика, информираат од Филијалата на Пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во Крива Паланка.
- Од поднесените 151 барање од пензионерите од двете општини кои ги опфаќа Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка, 89 барања се одобрени, од нив 53 за користење бесплатна бања, додека 36 пензионери ќе ја користат услугата бесплатен викенд, изјави Биљана Ивановска, раководител на Филијалата на ПИОМ во Крива Паланка.
Таа додаде дека на сите пензионери им е доставено уредно известување на домашна адреса, но апелираше сите пензионери кои поднеле барања да извршат проверка и информирање во ПИОМ, секој работен ден.
- Приоритет во користење на услугите им се дава на пензионерите со минимални пензиски примања, рударите кои работеле под земја-во јами, оние со подолг период на користење пензија и друго. Годинашните услуги за пензионерите од Крива Паланка и Ранковце се достапни во Катлановска Бања, бесплатна бањско-климатска рекреација која ќе се реализира од втори до 20 април и бесплатен туристички викенд во Берово, предвиден во периодот од 18 март до 3 април 2016, истакна Ивановска.
Лани 65 пензионери од Крива Паланка и Ранковце ги искористиле поволностите од проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација, а бесплатен викенд досега искористиле 70 пензионери од двете општини. Од 2010 година до денеска, со овој проект на Министерството за труд и социјална политика биле опфатени 505 пензионери од Крива Паланка и Ранковце.
На подрачјето на овие две општини се регистрирани околу 5.000 пензионери.
Ново на Сител
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра
-
Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи