Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
Вкупно 2018 платни налози се издадени во изминативе три дена во рамки на сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава. Од нив половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256 и управување возило без возачка дозвола 204 прекршоци.
Како што информира МВР, покрај овие прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, исто така евидентирани биле подеднаков број прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и некористење сигурносен појас при што санкционирани се по 117 учесници во сообраќајот. Вкупно 119 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитна кацига. Во рамки на контролите деветмина возачи минале на црвено светло, изречени се 26 мерки возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и 25 пешаци.
По основ пак на Законот за возила од вкупно 67 возила се отстранети од сообраќај, 24 биле технички неисправни, а 43 не биле регистрирани.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот