Високите зони во Штип немаат вода за пиење поради дефект
Дефект на високонапонскиот кабел на локалитетот „Штипско езеро“ веќе втор ден ги остави без вода за пиење населбите во високите делови на Штип, како и индустриските зони. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев за МИА информира дека ова е втор дефект на овој кабел во рок од само седум дена, по што наместо негова поправка, во текот на денот ќе биде заменет.
-Во претпладневните часови нема вода за пиење во населбите во високите зони, бидејќи поради овој дефект имаме само половична испорака, односно се испорачуваат 100 литри во секунда до домаќинставата и фирмите. Во текот на денот ќе биде заменет овој кабел, со што во текот на претпладневните часови се очекува да се нормализира водоснабдувањето во градот Штип, вели Тасев.
Набавен е нов високонапонски кабел во должина од 200 метри, којшто ќе биде заменет, за да се нормализира водоснабдувањето во Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот