Високи температури од портокалова фаза и утре на територија на целата држава
Министерството за здравство соопшти дека согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.
Oд Министерството за здравство препорачуваат од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавците од Министерството им препорачуваат да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната.
На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар. Поради повисоките температури се напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната. Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk, соопштија од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера