Виножито над Орландо за време на поменот за жртвите во геј клубот
Виножито се појави вчера на небото над американскиот град Орландо за време додека се одржуваше помен за жртвите во масакрот во геј клубот, што се случи предминатиот викенд.
Тоа предизвика воодушевување кај присутните, кои со радост го проследија виножитото над паркот крај езерото Еола и го снимаа со своите камери и фотоапарати. Според организаторите, на поменот имало околу 50.000 лица.
Луѓето држеа бели цветови и букети, американски знаменца и свеќи.
Комеморативни церемонии по повод масакрот во Орландо вчера се одржаа и во други американски градови. Викендов имаше и геј паради низ цела Америка, во кои учествуваа илјадници Американци.
На „Фестивалот на гордоста“ во Денвер присуствуваа неколку стотици илјади лица. Немаше никакви инциденти, но се чувствуваше траорот. Парадите во Чикаго, Провиденс, Њу Орлеанс, Сиракуза, Њујорк и забавата на плажа во Калифорнија се одржаа под засилени мерки на сигурност.
Освен претставници на геј заедниците, во овие настани учествуваа и многу хетеросексуалци, кои сакаа да изразат сочувство и солидарност.
Билансот од нападот во барот „Пулс" во Орландо е 49 убиени и 53 ранети. Напаѓачот Омар Матин подоцна беше убиен во престрелка со полицијата.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи