Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
Уставниот суд го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристовска и поведе постапка за начинот на оценување на членовите на Советот на јавни обвинители. Наместо досегашното позитивно оценување, ќе се бара друг начин за оценка на работата на обвинителите кои биле дел од советот.
Оценувањето на обвинителите кои се дел од советот, досега се правеше според Деловникот кој сами го изготвиле. Ова е неприфатливо за Уставните судии бидејќи оценката на обвинителската служба била уредена со законот за јавно обвинителство. Се оценувале ако ја вршат функцијата, но не и ако се избрани за членови на советот бидеји тогаш не ја извршувале јавно-обивнителската служба. Сепак согласни се дека мора да постои начин за вреднување на нивниот ангажман.
-Добрила Кацарска: Тоа се обвинители кои во советот ќе поминат четири години. Ако тој период не се оценува, кога тие ќе добијат можност за унапредување?
-Дарко Костадиновски: Правен апсурд е сегашниот начин на оценување. Мора да се најде друго решение, беа дел од забелешките на уставните судии.
Уставните судии сметаат дека добро е што иницијативата потекнала од јавно обвинителската фела, иако појаснуваат дека во случајот, Ристовска како физичко лице го доставила предлогот за оценување на уставноста на деловникот на Советот на јавни обвинители. Таа напишала дека се работи за прашање кое не може да се уредува со деловник, а бидејчи не е регулирано ниту со закон, па нејзин впечаток е дека членовите, сами си доделиле право и поволност за напредок во кариерата преку членство во Советот.
Инаку обвинителката од советот бараше унапредување во Виш јавен обвинител, но советот не ја избра бидејќи била млада а во тоа време користела и породилно отсуство.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар