Loading Video...
Спорт плус
12. September 2020 - 15:59

Вињалес ќе стартува од пол-позиција на трка во Сан Марино

Шпанецот, Маверик Вињалес ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Сан Марино во Мото-ГП шампионатот
 
Возачот на Јамаха оствари најбрзо време на денешните квалификации возени на патеката „Марко Симончели“, оставајќи ги зад себе возачите на Петронас Јамаха, Италијанецот, Франко Морбидели и Французинот, Фабио Квартараро кои ќе го пополнат првиот стартен ред. 
 
Во пресрет на утрешната петта трка во шампионатот, која ќе стартува од 14 часот, лидер во генералниот поредок е Квартараро со само три бодови повеќе од Довициозо односно 14 од Џек Милнер кој утрешната трка ќе ја започне од петата стартна позиција, зад Валентино Роси.