-->
-->
Вилијамс заминува доаѓа Мициќ
-->
Плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Маркус Вилијамс, кој пред 19 дена се врати во клубот најверојатно ќе си замине од Белград. Како што пишуваат белградските медиуми, Вилијамс, поради лични причини решил да се оди од клубот, во кој минатата сезона настапуваше со голем успех.
Американецот, не беше дел од тимот кој во четвртокот славеше убедлива победа над Задар (83:57) во АБА лигата. Иако тренерот Дејан Радоњиќ рекол дека Вилијамс има здравствени проблеми, медиумите шпекулираа дека тој веќе се договорил неговиот договор да биде раскинат.
Неофицијално, Американецот паднал на допинг тестот, кој интерно го направил клубот. Инаку, Вилијамс, во мај беше позитивен на марихуана, поради што доби суспензија од шест месеци, која му истече на 1.декември.
Како можна замена за Вилијамс се споменува младиот плејмејкер Василије Мициќ, кој поради повредите не се снајде најдобро во минхенски Баерн.
Тренерто на Црвена ѕвезда Радоњиќ по мечот со Задар изјавил дека на 28.декември ќе биде познато околу судбината на Вилијамс и евентуалните нови засилувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители