Вилијамс поради повреда и го препушта првото место на Кербер
Американската тенисерка Серена Вилијамс поради повреда го откажа учеството на турнирот во Индијан Велс и со тоа го отстапи првото место на ВТА листата на Германката Анџелик Кербер.
Кербер се враќа на лидерската позиција на светската рејтинг листа по два месеци, кога, поради трофејот на Австралија Опен на Вилијамс ја загуби својата позиција.
Американката минатата година играше во финалето на овој турнир и сега нема да може да ги брани поените поради што Кербер ќе ја потисне од првата позиција.
Вилијамс нема д аигра ниту на турнирот во Мајами закажан за крајот на март.
- Не сум во состојба да играм поради проблеми со колената. Ќе се вратам на терените што е можно поскоро, рече Вилијамс.
Таа до 2015 година дури 14 пати го бојкотираше Индијан Велс поради доживеани расистички навреди на овој турнир.
Ново на Сител
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот