-->
-->
Викендов откриени 39 возачи под дејство на алкохол
-->
Од вкупно 188 контролирани возачи, кај 39 е утврдено присуство на алкохол при акциска контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 2 и 3 март 2019 во периодот од 23:00 до 5:00 часот за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека се откриени и 53 други видови прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 33 прекршочни платни налози.
Како што информираат оттаму, биле преземени мерки и за непрописно паркирани возила од улиците: „Њуделхиска“, „Орце Николов“, „Јордан Мијалков“, „Герман“, „ Кеј 13-ти Ноември“ и „Партизански одреди“ и со специјално возило „пајак“ биле подигнати 20 патнички моторни возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор