„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Визер“ ја укинува авиолинијата од Скопје до Будимпешта и од 9 март годинава повеќе нема да лета на оваа дестинација, а од неодамна не продава и билети за оваа рута.
Од „Визер“ ја потврдија информацијата и изјавија дека континуирано ги следат перформансите на своите рути за да овозможат најпопуларните дестинации да имаат најниски можни цени.
-Како што е вообичаена практика, „Визер“ ја оптимизира својата мрежа врз основа на резултатите од овие прегледи. Со силна посветеност за одржување на капацитетот во Северна Македонија и Централноисточна Европа, „Визер“ продолжува да ги подобрува своите услуги и да истражува нови можности за раст во регионот. Сите погодени патници се информирани за промените и им се понудени алтернативни опции за патување, како и опции за целосно враќање на средствата во форма на оригинално плаќање или „Виз кредит“, истакнаа од компанијата за МИА.
Од Министерството за транспорт и врска, пак, за посочија дека линијата Скопје- Будимпешта никогаш не била предмет на финансиска поддршка, односно за таа линија Министерството не исплаќало средства.
-Политиката на Министерството за транспорт е развој на авиосообраќајот и во таа насока со новиот концепт што го промовираме за само шест месеци успеавме да обезбедиме десет нови линии. Очекуваме преку овие политики дополнително да го развиваме авиосообраќајот, да обезбедиме квалитетни услуги и да ја промовираме Македонија како атрактивна дестинација за туристите, нагласија од Министерството за МИА.
По воведувањето на новиот начин за субвенционирање на авиолинии од страна на Владата, „Визер“ доби субвенции за летови од Скопје кон Лион, Барселона и Штутгарт. За овие дестинации летовите почнуваат од 30 јуни, а „Визер“ веќе продава билети.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин