Виена: Австриската полициja на готовс – добиени дојави за можни напади врз цркви
Полицијата на австриската престолнина Виена ги зајакна вооружените полициски патроли, особено околу црквите, откако внатрешната разузнавачка служба добила информација којашто упатува на можен исламистички напад.
„Колку оваа засилена заштита на локациите ќе траат не може моментално да се процени“, објави виенската полиција на Twitter.
Се истакнува дека веднаш ќе биде издадено предупредување, доколку заканата се стесни на одредена локација. Полицијата истовремено ги предупредува граѓаните на зголемениот број вооружени полициски патроли.
„Ќе забележите дека во моментов во градот има поголем број полициски сили во патроли со специјална опрема. Причината за тоа е неспецифична закана против црквите. Тука ќе продолжиме да ве информираме“, се додава во полициската објава на Twitter.
Се појаснува дека австриската служба за внатрешно разузнавање има информација дека во Виена е планиран напад со исламистичка заднина. Исто така, се наведува дека превентивните мерки се вообичаени во такви ситуации.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро