Видодо бара прекин на конфликтите меѓу припадниците на армијата и полицијата во Индонезија

Индонезискиот претседател Јоко Видодо денеска во Џакарта ги собра највисоките раководства на армијата и полицијата на Индонезија и од нив побара да запрат се позачестените конфликти и судири меѓу припадниците на силите што треба да ја осигураат безбедноста во оваа 256 милионска држава.
Судирите, најчесто вербални, но и физички, според полицијата, ги предизвикуваат припадниците на армијата, покажувајќи дека припаѓаат на посериозни и поважни припадници меѓу безбедносните сили.
Најжесток судир се случи во 2013 година, кога по улична тепачка меѓу војници и полицајци, група офицери ги запалија полициските простории.
На состанокот со 173 високи офицери на двете служби претседателот Видодо изјави дека се надева оти ќе прекинат конфликтите, бидејки во спротивно тие можат да ја загрозат вкупната безбедност, а двете служби се соочени со сериозни закани од инфилтрација на радикални и терористички групи кои делуваат финансирани и инспирирани од Исламската Држава.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
