-->
-->
(ВИДЕО) По голема драма Германија се спаси од пораз од Словенија
-->
Голема драма на првиот меч од 2.коло во групата Ц се случуваше вечерва во загрепска „Арена“ по што Германија се спаси од пораз во дуелот против Словенија.
Словенците во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а во првиот дел имаа и шест гола предност за на одмор да заминат со 15:10.
Во вториот дел актуелните европски прваци Германците се вратија во игра и успеаја да стигнат до израмнување. Во завршните 30-секунди, откако Германија израмни на 24-24, Словенците изведоа брз „центар“ по што постигнаа и гол за победа 25-24, но на сцена стапија судиите.
Германците побараа дополнително прегледување на снимката, по што судиите Пишон и Ревере од Франција, по десетинасетминутна консултација и прегледување на снимката, се вратија на терен и му доделија црвен картон на Благотиншек што автоматски значеше и седмерец за Германија кој беше реализиран за конечени 25-25.
<iframe width="640" height="360" src="https://www.youtube.com/embed/7XHwZkkA03k" frameborder="0" allow="autoplay; encrypted-media" allowfullscreen></iframe>
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување