-->
-->
Видео кое го разнежни светот: Од војната побегнале во Канада и таму за прв пат виделе нешто, за што претходно можеле само да сонуваат
-->
Голем број на бегалци од разни краеви на светот, својот дом го пронашле во Канада.Тие биле приморани поради сиромаштијата или војната да го напуштат својот дом, па одлучиле во нова земја да започнат подобар живот.
Така некои се преселиле во Торонто, а таму децата за првпат виделе снег.
Иако оваа временска појава е дел од секојдневниот живот на Канаѓаните, за овие деца тоа било посебен ден.
Момче и девојче се радувале, се смееле и скокале од радост, а нивната реакција била забележана на снимка, која го разнежнила светот.
Целата случка ја снимила Ребека Дејвис, која е домаќин на семејства од Еритреја.
Потсетуваме дека Канада е една од ретките земји во светот која им пружа поддршка на бегалците. Помеѓу 2015-та и 2016-та година во оваа земја се доселиле повеќе од 25.000 бегалци.
Канадскиот премиер Џастин Трудо јавно им посакал добредојде.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче ги повикува студентите, партиите и граѓанските организации да се обединат против влез на мигранти
-

Судиите и Судската администрација без плата за ноември, Синдикатот пред одлука за прекин на работата
-

Перински: Да се откочи Законот за локална самоуправа
-

Прокисна кровот на охридската гимназија
-

Струмица го одбележува празникот на заштитниците на градот, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици
-

Преглед на вестите од светот
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
