Македонија
11. December 2025 - 12:34

Струмица го одбележува празникот на заштитниците на градот, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици

Со богослужби исполнети со верници од сите краеви на државата, Струмица денес го одбележува празникот посветен на своите заштитници, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици.

Чествувањата започнаа уште синоќа со празнична вечерна богослужба во храмот посветен на мачениците, а продолжија утринава со свечена архиерејска литургија.

Според отец Даниел Ѓорѓиев, овие свештеномаченици претставуваат темел на христијанството во Струмица, а нивната жртва и проповед ја обликувале духовната истрајност на овој крај уште од најстарите времиња.

Во рамки на празникот, традиционално денеска ќе се одржи и свечена седница на Советот на Општина Струмица, на која ќе биде доделено највисокото општинско признание , наградата ,,Свети 15 Тивериополски маченици,,.  

Ова признание општината го доделува секоја година на правни и физички лица кои дале посебен придонес во развојот и афирмацијата на Струмица во државата и надвор од неа.