Прокисна кровот на охридската гимназија
Сликите од оштетените училници поради прокиснувањето на кровот на охридската гимназија кои беа споделувани на социјалните мрежи и предизвикаа реакции во јавноста тема и за советниците на Охрид. Постапката за реализација на проектот за целосна реконструкција одел бавно вели претседателот на Советпто на општина Охрид Божиноски бидејќи објектот претставува споменик на културата и е неопходно конзерваторско одобрение .
Советниците од опозицијата изнесоа забелешки и побараа да се формира стручен тим кој ќе ги мапира најгорливите проблеми.
Од охридската гимназија посочуваат дека ги преземаат сите неопходни активности за конечно решавање на овој долготраен проблем и очекуваат со завршувањето на постапката за јавна набавка и избор на изведувач веднаш да се отпочне со реконструкција во најкус можен рок без за тоа да трпи редовната настава во училиштето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
