-->
-->
(ВИДЕО) Бараж победи за Хрватска и Швајцарија
-->

Репрезентациите на Хрватска и на Швајцарија постигнаа победи на првите бараж дуели за пласман на Мундијалот во Русија. Хрватска во Загреб на Максимир ја совлада Грција со 4:1. Хрватите поведоа во 13.минута од пенал со голот на Лука Модриќ, а шест минути подоцна за 2:0 зголеми Никола Калиниќ. Грција намали на 2:1 преку Сократис Папастатопулос во 30.минута. три минути подоцна Иван Перишиќ постигна гол за водство на Хрватска од 3:1. Конечните 4:1 ги постави Андреј Крамариќ во 49.минута.
На дуелот во Белфаст Швајцарија ја победи Северна Ирска со голот од пенал на Родригез во 58.минута.
Реванш дуелите се играат на 12.ноември.
Утре се игра баражот Шведска - Италија, а задутре е дуелот Данска - Република Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
