Македонија
27. December 2022 - 10:37

Вештачењето за случајот „Ласкарци“ пристигна во Кривичен, судење во јануари

 

Супервештачењето кое цела година го изработуваше Бирото за судски вештачења, пристигна во Основниот кривичен суд.

-Ја информираме јавноста дека денеска, непосредно пред почетокот на главната расправа за предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с. Ласкарци , во судот беше доставен предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење од Бирото за судски вештачење каде предметот беше испратен на супервештачење пред една година, велат од судот.

На денешното рочиште, примерок од вештачењето добија обвинителството и одбраната, и со заеднички договор, одлучено е судењето да продолжи во јануари. Во првите  два месеци од новата година, закажани се седум судења.

-Судењето ќе продолжи на 24.01.2023 година кога формално треба да почне од почеток заради проток на 60 дена, за што постои и согласност од странките, за потоа да бидат повикани на сослушување и вештите лица кои го изработија наодот, со што доказната постапка ќе биде завршена и ќе се изведат завшрните зборови на странките пред објавување на првостепена пресуда, се вели во известувањето од Основниот Кривичен суд.

Зоран Јаневски