Верници од целиот свет пристигнуваат во Стариот град на Ерусалим на Велики Петок
Верници од сите делови во светот ги исполнуваат улиците на Стариот град на Ерусалим, каде учествуваат во процесот на одбележување на Христовото распнување, јави ДПА.
Француските монаси ќе ја почнат традиционалната процесија за Велики Петок по Виа Долороса нешто по 12 часот, три часа пред почетокот на церемонијата на православната црква.
Маршуртата по Виа Долороса (Патот на болката) е дефинирана во 14. век од француските монаси. Се смета дека тоа е патот, по кој минал Исус Христос, со крстот како товар кон местото на распнувањето, Голгота.
Оваа година паравославните, католиците и протестантите го празнуват Велигден на ист датум, што се случува мошне ретко, ако се има предвид дека западните цркви го користат Грегоријанскиот календар, а источните Јулијанскиот. Следниот пат вакво совпаѓање ќе има во 2025 година.
Велигден се поклопува исто така со еврејскиот празник Пасха, со кој се одбележува библиското масовно заминување на Евреите од Египет.
Израелското Министерство за турзам очекува дека Стариот град ќе го посетат 79.500 христијански и 78 илјади еврејски туристи.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”