-->
-->
Верижен судир на регионалиниот пат Струга – Дебар
-->
На крстосницата од регионалиниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа, вчера во 11:30 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(57) од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ш.K.(45) од село Велешта, а настрадал пешакот Н.Б.(65) од село Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд