Велосипедски караван „Скопје на точак 2019“
Вториот велосипедски настан „Скопје на точак“ ќе се одржи денеска кај фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, со правец на движење кон ТЦ „Сити мол“. Покровител е Град Скопје, а организатор Сојузот на спортови на Скопје.
Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час, а учесниците ќе бидат предводени од полицијата и организаторот.
Според програмата, од 11 до 12 часот се предвидува поделба на стартни броеви-лепенки за велосипед. Стартот на караванот е во 12:00 часот на булеварот „Илинден“, кај фонтаната „Лотос“, со правец на движење кон „Сити мол“. Учесниците ќе возат по улицата „Љубљанска“, булеварот „Партизански одреди“, се до зградата Тифани, по булеварот „ВМРО“, преку мостот „Гоце Делчев“ и по булеварот „Гоце Делчев“ се вози до Судска палата, каде се врти десно на булеварот „Крсте Мисирков“ и долж булеварите „Кочо Рацин“ и „Кирил и Методиј“. Се вози до крстосницата со булеварот „Климент Охридски“ каде се врти десно и се вози се до крстосницата со бул „Илинден“ каде се врти лево и се завршува пред фонтана „Лотос“ во Градски парк.
Се предвидува караванот да заврши во 12:30 часот, а потоа ќе има лотарија и велосипедски дружења.
Ќе биде воведен и посебен режим на сообраќај поради велосипедската трка. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по улиците каде ќе се одвива трката.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба