-->
-->
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Карпош
-->

Четириесет и шест годишната М.Б.А. од Скопје вчера се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил „Сеат ибица“ управуван од скопјанецот Т.К. (43).
Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 17:40 часот на ул.„Никола Парапунов“, после крстосницата со ул.„Волгоградска“.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б.А., велосипедист, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница