Велковски: За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати
На 3.200 вработени во УКИМ ќе им бидат зголемени платите. Ова е исходот од денешната средба меѓу министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и претставници на синдикатот.
Од МТСП соопштуваат дека на средбата се дошло до решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.
- Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот, изјави Велковски.
Во врска со надлежноста на МТСП, од ова министерство ја информираат јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за којшто потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено.
- Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот, истакнуваат од МТСП.
Ново на Сител
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите