Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски

Проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап, велат од Владата откако денеска раководството на Сојузот на синдикати на Македонија побара зголемување на минималната плата на 500 евра или избраните и именуваните лица да земат минимална плата.
- Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас. Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите, се наведува во соопштението од Владата.
Оттаму велат дека за премиерот да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа, како што посочуваат, да има договор да се најде на листите на СДСМ.
- Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат, велат од Владата.
Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска одржаа јавна седница пред законодавниот дом, Владата и Стопанската комора на Северна Македонија од каде побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата.
ССМ бара зголемување на минималната плата на 500 евра и зголемување на останатите плати во државата, во спротивно најавува генерален штрајк и протест. Според синдиактот, донесената одлука за зголемување на минималната плата за 1.800 денари е противзаконска затоа што не е помината на седница на Економско-социјалниот совет каде членуваат трите социјални партнери. Ова, според ССМ, се случува првпат откако е донесен Законот за минимална плата.
Од Владата, пак, остануваат на ставот дека зголемувањето на минималната плата е законско. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во изјава за медиумите рече дека демократско право е на секого да протестира, но дека зголемувањето на минималната плата е направено согласно законските критериуми.
Ново на Сител
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
-

Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
