Велковски: Пензионерите ќе добијат само 5% покачување на пензиите
Пензиите од 1-ви март ќе се зголемат за 5%. Така покажуваат бројките. Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
Велковски вели дека „тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти се колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок“
Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.
Освен линеарно зголемување, пензионерите бараат и корекција на минималната пензија на најмалку 18.000 денари. Тоа е безмалку идентично со актуелната просечна пензија во државата, која според последните податоди на Фондот за ПИОМ изнесува 19.106 денари. Од корисниците на пензија во државата, 28,56% земаат пензија до 13.300 денари, а над 22.000 денари земаат 27,61% од корисниците на пензија.
Проблемите на македонскиот пензиски систем низ годините се бројни, а еден од клучните на кој постојано се укажува е односот меѓу бројот на вработени и бројот на пензионери. Односно оние кои ја полнат касата на Фондот за пензиско и оние кои од истата земаат пензија. Во првата половина од 2023, според статистиката на ПИОМ, во државата има 337.054 корисници на пензија, што е двојно помалку од бројот на вработени, кој изнесува 683.242. Ова значи дека има двајца вработени на еден пензионер што не се смета за одржлив сооднос, односно е за 50% понизок од препорачаниот или оптималниот тројца вработени на еден пензионер.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел