Велика Британија ја проширува програмата за вакцини против грип, 35 милиони бесплатни вакцини
Британската влада објави дека ќе ја прошири својата програма за вакцинирање против грип, што ќе ја направи најсеопфатна досега, сето тоа со цел да се избегне притисок врз болниците додека трае пандемијата со Ковид-19.
Британската влада соопшти дека ќе понуди бесплатни вакцини против грип за 35 милиони луѓе меѓу кои и за деца од средните училишта и за студенти како и за сите над 50 години, како дел од програмата што ќе почне во септември.
Вакцинацијата против грип ќе се изврши заедно со можната повторна вакцинација со третата доза на вакцина против Ковид-19.
„Грипот може да биде сериозно заболување и ние сакаме да создадеме заштита со имунизација на рекорден број луѓе. Бидејќи нацијата се повеќе се враќа во нормален живот, мора да научиме да живееме со Ковид-19 паралелно со другите вируси и затоа да нудиме бесплатана вакцина против грип за милиони повеќе отколку порано за да ги заштитиме оваа зима“, наведе британскиот министер за здравство Саџид Џавид.
Минатата година во Велика Британија, 81 процент од луѓето над 65 години биле вакцинирани против грип. Досега, 88 проценти од возрасната популација во таа земја ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19, додека 67,5 проценти се вакцинирани со две дози.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?