Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
Во процесот на дигитална трансформација на комуналните услуги, најважно е инвестирањето во инфраструктурата на претпријатијата, но уште позначајни се човечките ресурси. Поразителна е статистиката која говори дека во само 6 или 23 % од анализираните претпријатија има вработено ИТ инжинери.
Можеме да заклучиме дека треба да се инвестира во човечките капацитети, не треба да се штедат финансиски средства во тој дел, затоа што со добро едуциран кадар, граѓаните ќе ги добијат услугите за кои плаќаат, изјави Марија Валакова, ЈКП „Плаваја“- Радовиш.
Загубите на вода се поради истекување, кражби и неефикасно следење на системот и достигнуваат над 60% од вкупното производство, што создава финансиски товар и го зголемува ризикот од прекини во водоснабдувањето. Затоа е непоходна имплементацијата на СКАДА, што преставува напреден мониторинг и контролен систем кој овозможува собирање на податоци во реално време, автоматизација и далечинско управување. Меѓутоа и овде пресуден е човечкиот фактор.
Еден од најголемите предизвици во дигитализацијата е недостатокот на обучени инженери и оператори за SCADA системите. За ова, потребно е, отворање на центри за обука за SCADA оператори, интеграција на SCADA курсеви во техничките факултети и онлајн курсеви и сертификати за управување со SCADA системи, изјави Јован Кузмановски, ЈКП „Водовод“- Битола.
СКАДА системот е само еден чекор во процесот на дигитализација.
Сега зборуваме за интернетот на нештата. Зборуваме за огромен број на податоци, за паметни водомери, кои како резултат ќе донесат алгоритми за машинско учење, кои пак ќе помогнат преку апликациите за вештачка интелегенција да се носат инфорамции кои се базирани на податоци, изјави Јане Вртески, консултант.
Изготвените документи за политики беа презентирани пред претставниците од јавните комунални претпријатија, единиците на локалната самоуправа, надлежните министерства и институции за комуналниот сектор и донаторски институции, на настан во организација на АДКОМ.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар