Македонија
15. February 2025 - 16:34

Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар

Скоро 11 години струмичани чекаат да заврши обновата на стариот тетар. Во меѓувреме многу најави и ветувања, но мала реализација на терен. И покрај тоа што надворешниот дел на зградата подолго време е завршен, објектот е далеку од пуштање во употреба. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ветува промена на ваквата состојба. Струмичкиот театар бил само еден од закочените проекти што ги наследил. За околу еден месец најавува повторно активирање на процесот и продолжување на изградбата со нова динамика.

Тендерот за изградбата на стариот струмички театар е предвиден со двегодишно финасирање.Тенденцијата на министерството била проектот да заврши  до крајот на следната година. Во моментов за негова реализацијата биле планирани околу 8 милиони денари, но министерот Љутков не ја исклучува можноста за одобрување на дополнителни средства доколку за тоа има потреба.

Дали имало и какви биле проустите во водењето на процесот треба да покаже ревизијата. Реконструкцијата на стариот струмички тетар започна во 2014 година и според најавите требаше да заврши за 18 месеци, но активностите неколкупати беа стопирани и пролонгирани.

Зградата на струмички театар во кој работел првиот професионален театар во Источна Македонија е изградена 1949. Објектот бил во функција до 79 година.