Велика Британија го објави нацрт-законот за прекин на односите со ЕУ

Велика Британија денеска објави нацрт-закон за прекин на политичките, финансиските и правните односи со Европската унија.
Законот за прекин на односите е главниот елемент од планот на Владата во Лондон за напуштање на ЕУ до 2019 година. Тој предвидува прекин на учеството на Велика Британија во законските активности на ЕУ, кои траат повеќе од 40 години и поништување на договорот, со кој земјата стана членка на ЕУ во 1972 година.
Усвојувањето на законот во Парламентот може да биде решавачко за иднината на премиерката Тереза Меј.
- Тоа е еден од најважните закони, кои некогаш ќе минат низ Парламентот и е важен дел од процесот за излегување од ЕУ, изјави министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис.
Владата ја формулира позицијата за преговорите со ЕУ, со тоа што објави исто така три извештаи со кои се нагласува дека Велика Британија ќе се повлече од Евроатом и ќе ја напушти јурисдикцијата на Судот на ЕУ.
Објавувањето на нацрт-законот е првиот чекор од долгиот законски процес.
Опозициската Лабуристичка партија соопшти дека ќе се спротивстави на нацрт-законот, ако тој не одговара на шест услови, меѓу кои и гаранциите за правата на работниците.
Ново на Сител
-

Современиот начин на живот влијае врз младите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
