Македонија
14. February 2022 - 16:41

Велешанката Пале: Не се чувствувам виновна, делото го направив во самоодбрана

Денеска во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг". Илоска денеска на рочиштето кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана, пренесува Телма.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовск, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.

Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.