Велешани синоќа над небото ги забележаа малите сателити „Старлинк“
Велешани синоќа над небото околу 18 часот имаа можност да ги забележат малите сателити наредени како воз, а некои ги фотографираа мистериозните летечките објекти и фотографиите ги објавија на социјалните мрежи. Велешани вакви сателити забележуваат по вторпат годинава, откако за првпат ги видоа околу Велигден. Многумина од нив имаа дилеми што се мистериозните објекти кои светлеа над градот.
Овие мали објекти распоредени во колона како воз што така мистериозно го зафатија небото над градот се малите сателити „Старлинк“ на компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск, американски милијардер, индустриски дизајнер и инженер. Со овие сателити секој тежок 227 килограми треба да се овозможи целата планета Земја да биде покриена со интернет. Проектот започна во 2015 година, а до 22 април биле лансирани 417 вакви сателити над Земјината топка и компанијата имала во план тоа да го прави на секои две недели.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија