-->
-->
Вчеравечер сообраќајка во Центарот на Скопје, три лица се повредени
-->
Сообраќајна незгода била пријавена синоќа околу 21.55 часот во СВР Скопје. Настанала помеѓу товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(59) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(47) од село Волково, скопско, на крстосница од булевар „Св. Климент Охридски“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Димитрие Чуповски“ .
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од возилото „пежо боксер“ Ф.Е.(46) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ФОТО: Слободен печат
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда