Вчера се аплицирани 14.712 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани, информираат денеска од Министерството за здравство.
Со последните бројки, 70 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68 осто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64 осто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 55 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Од МЗ појаснуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктови низ државата и додаваат дека процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, велат од Министерството за здравство и посочуваат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход.
Ново на Сител
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
-
Под истрага десет полициски службеници, за седум се бара притвор, тројца веќе се обезбедени со претходна постапка
-
Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
-
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
-
Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
-
Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија