Македонија
16. April 2025 - 16:42
Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, 9 останаа без лиценца
Кај 17 од вкупно 23 угостителски објекти се утврдени неправилности. Од нив, на 9 им се одземени лиценците, а 8 не ги исполнуваат минимално техничките услови и им е даден рок за отстранување на недостатоците.
Министерот за економија вели дека им е дадено време затоа што инспекторите утврдиле дека неправилностите може да бидат отстранети, а ако не го сторат тоа, лиценците ќе им бидат одземени.
-->
-->