Важно предупредување до граѓаните: УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса
Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена смета за радиодифузна такса до 30 јуни годинава, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи ќе почнат постапки за присилна наплата, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
- Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно доброволно да ги платат. Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на радиодифузната такса, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата, велат од Управата.
Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузната такса, без чекање на шалтери, граѓаните, посочуваат од УЈП, може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите