Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ
Иако процесите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.
Тој за Еуроњуз вели дека ако продолжи застојот во случајот со С Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.
– Ако повторно наидеме на тешкотии со Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање, рече Вархеји.
За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.
Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје во вторникот.
-Напорно работиме на случајот на Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност. Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Македонија, мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји на прес-конференцијата во Скопје.
За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија отворено се изјаснија против можноста да се разделат С Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, поради бугарската блокада кон Скопје.
Вчера и премиерот Зоран Заев кажа дека Скопје и Тирана треба да одат заедно кон ЕУ.
-Треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес, рече Заев.
Упати и порака до ЕУ дека е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати кон Македонија, кон Западниот Балкан, но и кон граѓаните на Унијата. Побара од Брисел да остане на ветеното и да го испорача тоа што земјава го има заслужено.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи