Вархеј: Борбата против корупцијата во Црна Гора е клучна цел
Борбата против корупцијата е клучна цел во процесот на пристапување на Црна Гора во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, додавајќи дека Европската комисија внимателно го следи напредокот на таа земја во областа на владеењето на правото.
Во одговор на прашањето во Европскиот парламент за малтешките инвестиции во Црна Гора и обвинувањата дека во тие бизниси имало корупција, Вархеј истакна дека се очекува Црна Гора да воспостави евиденција на ефикасни и конкретни истраги, кривични гонења и пресуди во корупциски случаи и организиран криминал.
– Европската комисија внимателно го следи напредокот на Црна Гора во овие области, вклучително и преку извештаите за проширување на ЕУ, кој ЕК го усвои на 6 октомври 2020 година и очекува сите наводи за корупција да добијат веродостојни, независни и ефикасни институционални одговори, нагласи еврокомесарот.
Според Вархеј, „владеењето на правото е една од основните вредности на ЕУ и пресуден елемент во процесот на пристапување, кој го одредува темпото на преговори на Црна Гора“.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња