Варела: Панама ќе соработува во меѓународната истрага за офшор сметките
Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела денеска изјави дека неговата земја ќе ги споделува информациите и ќе соработува со меѓународната истрага за панамските офшор сметки, по вчерашното обелоденување на дел од таканаречените „Панамски документи“, пренесуваат американските медиуми.
Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари вчера на својот сајт закачи дел од милионите документи, кои „протекоа“ од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ за користење на даночните раеви и "фантомски фирми“ од богати и моќни луѓе со цел прикривање на пари и одбегнување на плаќање даноци.
„Мосак Фонсека“ соопшти дека протекувањето на документите е резултат на хакерски напад во нивниот систем.
Варела пред новинарите во Панама Сити кажа дека мисли дека треба поинтезивно да почне да се зборува за тоа што се случува во Панама. „Панамските документи се проблем на светскиот финансиски систем“, додаде тој.
Истражувачките новинари, кои ги проучуваат информациите од Панамските документи, соопштија дека адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ имала врски со десетици Американци, обвинети за финансиски прекршоци. Новинарите изјавија дека една од дејностите на „Мосак Фонсека“ била да основа офшор компании за луѓе кои имале проблеми со правдата. Основањето офшор компании не е незаконско, но тие компании потоа може да бидат искористени за прикривање пари од властите, напоменуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
-
Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување
-
Руте: На Самитот во Хаг ќе донесеме историски одлуки за нашите граѓани да бидат побезбедни
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Сообраќајка помеѓу мопед и велосипед - тешко повреден 60-годишен охриѓанец