Вардар со убедлива победа на гостувањето во Загреб
Екипата на Вардар синоќа славеше убедливо на гостувањето кај ППД Загреб со 18:27 (6:14) во првиот дуел од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони. По вечерашната победа во „Арена Загреб“, „црвено-црните“ веќе се со една нога во четвртфиналето.
Вардарци беа расположени за игра, а резултатот од +8 на полувремето го покажа токму тоа. Домаќините се обидуваа да го сопрат налетот на македонскиот тим, но сепак немаа лек за добрата игра Криштопанс, Карачиќ, Дибиров, Мораеш…
Предноста продолжуваше да расте во второто полувреме, а во 50-та минута од мечот таа беше двоцифрена (15:25). До крајот тимот од Загреб успеа да ја намали таа разлика на -9 (18:27), но по овој резултат неможат да очекуваат чудо и пласман во следната фаза.
Најефикасни кај „црвено-црните“ со пет погодоци беа Криштопанс и Карачиќ, а четири имаше Мораеш. Милосављев на голот се истакна со 14 одбрани.
Во редовите на домаќините се истакна Мандиќ со пет гола.
Реваншот ќе се одигра по седум дена во Скопје.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица