Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија во фудбал.
Ова е епилогот од денешните реванш полуфинални натпревар во кои фудбалерите на Вардар ја зачуваа предноста од 3-0 од првиот натпревар, одигрувајќи нерешено 1-1 на гостувањето против Брера Струмица, додека со идентичен резултат заврши и реваншот меѓу Струга и Шкендија, што на домашниот тим му беше доволно за пласман во финалето, откако на првиот натпревар во Тетово триумфираше со 2-1.
Вардар е рекордер во националниот Куп со пет освоени трофеи, од кои последниот во 2007 кога во своето последно финале ја совлада Победа со 2-1.
Струга, пак, ќе се обиде да ја освои својата прва куп титула во второто финале, откако во сезоната 2022/23 загуби на пенали од Македонија Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична