Македонија
1. јуни 2019 - 15:04

Вандалско уништување на канделабри во Битола

Секторот за односи со јавност на Општина Битола информира дека синоќа во градското шеталиште, непознати сторители целосно оштетиле канделабри и дрвја во паркот.

Во соопштение до јавноста се посочува дека утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола го обезбедиле местото на вандализмот во градскиот парк.

-Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник. Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила, нагласуваат од тамошната локална самоуправа, јавно осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.