Македонија
9. December 2016 - 14:46

Вандализам пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Непознато лице кое управувало патничко моторно возило „Поло“ со непознати регистарски ознаки, вчера во 17:30 часот застанало пред Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на улицата „Димитар Влахов“ и преку отворениот прозор од возилото го фатил знамето на Репубилика Македонија и почнал да го влече. 

Сторителот притоа ја искршил дрвената рачка на кое било истакнато знамето. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.