Вандали го затнуваат колекторот во Радовиш
Во период од 72 часа два пати е затнат колекторот за фекални води од населбата Раклиш кај Радовиш кон пречистителната станица од несовесни граѓани кои фрлаат најаразлични предмети во шахтите, информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.
– Вработените во одделението за канализација на ЈП „Плаваја“ со натчовечки напори и во тешки услови, притоа поседувајќи најсовремена механизација и опрема за таа намена, едвај успеваат да го одзатнат колекторот, кој поради затнувањето почнува да се излева од првата најблиска шахта и ги поплавува со фекални води земјоделските површини, појаснуваат во реакцијата од радовишкото комунално претпријатие.
Од јавното претпријатие ги информирале сите надлежни органи и институции во општина Радовиш и очекуваат вандалите да бидат откриени и да ја добијат заслужената казна.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот