Ван дер Белен: Ќе бидам претседател на сите граѓани

Новиот претседател на Австрија, Александер ван дер Белен во своето прво обраќање до јавноста, по положувањето на заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува.
- Сакам да бидам претседател на сите кои живеат во Австрија, истакна Ван дер Белен потсетувајќи дека е дете од бегалско семејство и оти му е посебна чест што како таков стана шеф на државата.
Тој се заложи за промени кои би донеле бенифит за граѓаните, а тоа е, како што истакна, можно само ако постои единство.
Ван дер Белен потенцира дека се залга за неутралност на Австрија, која извршила злосторства, но дека и нејзините граѓани биле жртви.
- Сметам дека тоа е најтемниот дел на историјата на Австрија и не би требало никогаш да биде заборавен, посочи Ван дер Белем.
Тој го потенцира значењето на ЕУ за мирот на стариот континент.
- ЕУ е простор на мир, слобода и благосостојба, од каде е исфрлено насилството во односите меѓу државите. Меѓутоа, Европа е нецелосна и ранлива, истакна Ван дер Белен додавајќи дека „постои опасност граѓаните да бидат маѓепсани од едностави одговори и се да тргне во правец на национализам и мали држави“.
Тој нагласи дека како претседател нема да се обраќа еднаш неделно, бидејќи нема намера да собира политички поени, туку да биде достапен за граѓаните.
- Ќе бидам надпартиски претседател, кој ќе биде отворен за сите граѓани, истакна Ван дер Белен.
Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
-

Сончево со мала локална облачност и студено утро
