Македонско - грчката соработка важна за добрососедските односи

Индустријата, градежништвото и агро бизнисот се во фокусот на македонско – грчкиот економски форум што се одржа денеска во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Универзитетот Колумбија од САД.
Бизнис делегацијата од Грција предводена од претседателот Киријакос Лефакис оствари и Б2Б средби со компании членови на ССК.
На отворањето на форумот претседателката на ССК Данела Арсовска истакна дека потенцијалите за соработка меѓу бизнисмените од двете држави се големи и укажа на важноста на билатералниот економски форум кој е резултат на воспоставените добри деловни релации меѓу организациите од двете земји.
- ССК ги поттикнува добрите бизнис релации меѓу економиите на двете земји. За таа цел, во 2015 година за прв пат од осамостојувањето на Република Македонија, го потпишавме првиот билатерален договор за соработка по што се одржа и Првиот грчко - македонски бизнис форум во Солун. За бизнисмените од двете соседски земји потенцијалите за соработка се големи. Денешниот бизнис форум веруваме дека ќе даде конкретни резултати за склучување и продлабочување на воспоставените партнерства, настап во трети земји и учество на заеднички проекти, рече Арсовска.
Министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска ја истакна важноста од унапредување на економската соработка меѓу двете држави и изрази надеж дека владиниот план за економски раст ќе обезбеди поволности за бизнис секторот.
- Веруваме дека на овој начин, планот за економски развој на Владата на Република Македонија ќе обезбеди опкружување кое е поволно за функционирање на бизнисот. Би сакала да истакнам дека Владата е водена од принципите на транспарентност поддржувајќи ја соработката помеѓу домашните и странските компании, како и поддршката заснована на реални резултати, рече Апостолска.
Според претседателот на Грчката интернационална бизнис асоцијација, релациите меѓу двете земји стануваат подобри кога предност им се дава на економските односи.
Грција е еден од петте најзначајни трговски партнери на Република Македонија. Најголемите инвестиции се во банкарскиот сектор, нафтената индустрија, трговијата и текстилната индустрија. Минатата година, остварена е трговска размена во вредност од 598 милиони евра, извозот е 148 милиони евра, а увозот е 450 милиони евра.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
