Валона: Запленети 260кг марихуана, уапсени Романци кои дрогата ја транспортирале со кампинг возила
Полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана во две луксузни кампинг возила.
- Финализирана е мега операцијата на полицијата за борба против трговијата со дрога под шифра „КАМПЕР“. Уапсени се четири лица, две момчиња и две девојки, државјани на Романија. Запленети се 260 килограми марихуана и две кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици, соопшти полицијата. Исто така, петмина се бараат како соработници во оваа криминална активност, но поради истрагата нивниот идентитет полицијата не го објавува во јавноста.
Од спроведените истражни дејствија се сомничи дека уапсените се соработници на албанските државјани по кои се трага. Се камуфлирале како туристи, со луксузни кампинг возила со румунски национални ознаки и шверцувале наркотици од нашата земја во Грција и во други земји, наведува полицијата. Според полицијата уапсените романски државјани се од 20 до 24 - годишна возраст.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур